Животите и епската љубовна приказна на рокерот Ози Озборн и Шерон Озборн ќе бидат главната тема на новиот игран филм, според сценарио а Ли Хол (Били Елиот) и продуциран од „Ploygram“ и „Osbourne Media“.
View this post on Instagram
Проектот во формат на биографски филм сè уште нема наслов, а фокусот на приказната ќе биде на децениската врска помеѓу парот за кој гледачите веќе знаат нешто благодарение на реалното шоу „The Osbournes“ кое се прикажуваше на „MTV“.
View this post on Instagram
„Нашата врска понекогаш беше дива, луда и опасна, но нашата бескрајна љубов нè држеше заедно. Воодушевени сме од партнерството со „Sony Pictures“ и „Polygram“, со кои ќе ја прикажеме нашата приказна на филмското платно“, изјави Шерон Озборн за „VARIETY“.
View this post on Instagram
Шерон и нејзините деца Џек и Ејми Озборн го продуцираат филмот преку нивната етикета „Osbourne Media“, продуцентите Мишел Ентони и Дејвид Блекмен во име на „Polygram Entertainment“, а Андреа Џианети ќе го надгледува развојот на филмот во име на „Sony Pictures“.
View this post on Instagram
Главна улога во филмот би требало да има и музиката, која ќе го опфати и периодот кога Ози беше дел од групата „Блек Сабат“, и периодот на неговата соло кариера.