07:59 - 2 февруари, 2026

Љубовната приказна на Даниел Крег и Рејчел Вајс: Се заљубиле 16 години по првата средба, а и денес се еден од најмистериозните парови

Даниел Крег и Рејчел Вајс се познавале со години пред да дојде вистинското време целосно да се посветат на нивната љубовна приказна.

Холивудскиот актер Даниел Крег светската слава ја стекна со улогата на Џејмс Бонд, а оскаровката Рејчел Вајс ја паметиме по многу остварувања на филмското платно. Кога тие тајно се венчаа во 2011 година, го изненадија целиот свет.

Како што пренесуваат странските медиуми, Даниел и Рејчел се запознале на универзитетот, пред некој од нив да стане светски познат, поточно нивната прва средба се случила во 1994 година во Националното театарско студио.

Instagram

За тоа сведочи оперскиот критичар, Руперт Кристијансен, кој првпат ги видел како работат заедно во претставата наречена „Les Grandes Horizontales“. Кристијансен работел како историски консултант на претставата за куртизаните од 19 век и често се дружел со нив.

„Се разбира, ниту еден од нив не беше познат во тоа време, па нивната прва средба остана незабележена. Заплетот на претставата ги доведе во бројни љубовни клинчови и имаше многу сексуални сцени и сексуална хемија меѓу нив“, изјави тој за Дејли Телеграф.

Instagram

После тоа, нивните актерски кариери напредуваа, но нивните патишта се разидоа и секој го пронајде својот успех, и во кариерата и во љубовта. Многу години подоцна, нивните патишта повторно се вкрстија кога добија улогата на брачна двојка во трилерот „Куќа од соништата“.

Instagram

Во тоа време, деветгодишната врска на Рејчел со режисерот Дарен Аронофски била при крај, како и свршувачката на Даниел со Сацуки Мичел. Така, на крајот од снимањето, тие конечно решиле да истражат и да откријат што чувствуваат еден за друг.

Instagram

Рејчел во едно интервју искрено призна дека не им се случила љубов на прв поглед. Пред Даниел повторно да влезе во нејзиниот живот, Рејчел поминала девет години со Дарен, со кого и покрај долгогодишната врска и синот Хенри кого го добија во 2006 година, тие не се венчале.

Instagram

Даниел успеал да ги промени нејзините уверувања за бракот бидејќи и самата не верувала дека некогаш ќе се омажи.

„Никогаш не мислев дека ќе се омажам. Тоа не беше моја амбиција и размислував спротивно. Никогаш не можев да се поврзам ни со романтичните комедии. Но, тогаш едноставно се случи, бев среќна и позрела. Со гордост го носам прстенот“, изјави Рејчел за Стандард.

Instagram

Нивната венчавка била тајна, а после тоа решиле да го држат животот подалеку од јавноста и денес се познати како еден од најприватните парови во Холивуд.

Instagram
Instagram
Instagram

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Хороскоп за 2 февруари: Раковите да не се расфрлаат со пари!

Еспресо

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо
Се вчитува....