11:12 - 7 септември, 2026

Љубовта на Арсен Дедиќ и Габи Новак: „Кога имате некого како Габи, не можете да бидете несреќни“

Легендарниот кантавтор, поет и шансониер Арсен Дедиќ, почина на 78-годишна возраст на денешен ден во 2015 година. Живееше во хармоничен брак цели 42 години со Габи Новак и често нагласуваше дека годините поминати со Габи му биле најубавиот дел од животот. Габи Новак почина на 89-годишна возраст на 11 август 2025 година, два месеца по смртта на нејзиниот единствен син, Матија Дедиќ.

Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен Дедиќ е една од најубавите на хрватската естрада, обележана со длабоко пријателство кое со текот на времето прераснало во трајна љубов.

Нивната врска не била љубов на прв поглед, туку полека и сигурно се развивала низ годините на пријателство, заедничките музички соработки и нежните чувства.

Омилениот музички пар

Арсен напишал голем број композиции за Габи, а нивната симбиоза на професионалниот и приватниот живот била исклучителна.

Тие се запознале во 1958 година пред телевизиско студио во Загреб, додека и двајцата биле во брак – Габи со композиторот Стипица Калоѓера, а Арсен со Весна Матош, со која имал ќерка.

Арсен тогаш бил млад кантавтор и поет од Шибеник, на самиот почеток на музичката кариера, а таа веќе била афирмирана пејачка која соработувала со врвни музичари, меѓу кои и легендарниот Луис Армстронг. Судбоносната средба ја организирал текстописецот Марио Болиуни, кој на Габи ѝ го претставил како „еден слаб, блед младич од Шибеник, чие вистинско име е Игор Кримов, но сите го викаат Арсен Дедиќ“.

Габи подоцна се присетувала дека Арсен уште тогаш знаел која е таа и дека уште во 1958 година во својот тефтер во Шибеник имал залепено нејзина фотографија. При следната средба ѝ го донел и тефтерот. Тоа бил почетокот на едно посебно пријателство – првично се среќавале поради работата. Арсен го превел текстот на песната „Некој бдее над мене“ за нејзиниот прв ЛП во 1962 година, а потоа продолжиле да соработуваат на бројни проекти.

Во еден момент, како што опишал Арсен, „сфативме дека не можеме да живееме еден без друг“ и одлучиле да живеат заедно, без голема помпа околу прогласувањето на големата љубов – нивната блискост била природно продолжение на долгогодишната доверба и разбирање.

Пред да основаат семејство, Габи останала бремена, но доживеала спонтан абортус откако добила лажен телефонски повик во кој ѝ било кажано дека Арсен загинал во сообраќајна несреќа. Тој шок длабоко ги погодил, но и дополнително ги зближил. Конечно, во 1973 година им се родил синот Матија, а еден месец подоцна се венчале – и останале заедно повеќе од четири децении, споделувајќи го животот, љубовта и музиката.

Арсен често истакнувал колку Габи му била „наменета“ – односно жената со која сакал да го помине животот до крај. По неговата смрт во 2015 година, Габи останала прочуена музичка дива која и понатаму го чува споменот на нивниот заеднички живот исполнет со љубов, хармонија и музика, пишува хрватски „Тпортал“.

Нивната љубовна приказна е симбол на постојаноста и длабочината на чувствата што ги граделе заедно, како во приватниот живот, така и преку уметноста, оставајќи траен белег во хрватската музика и култура.

Тајната на нивниот брак била меѓусебната почит. Арсен еднаш на најдобар начин го опишал тоа: „Кога имате некого како Габи, не можете да бидете несреќни.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Umjetnost i činjenice (@art_n_facts)

Слични објави

Ќерките на Горан Бреговиќ ќе наследат империја од недвижности вредна повеќе од 35 милиони евра

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Оделе во исто училиште, а не знаеле дека се брат и сестра: Марија Шерифовиќ како девојче дознала болна семејна тајна

Т.Ц.

Хороскоп за 7 септември: Мора да бидете практични и реални

Еспресо

Џина Џиновиќ се врати во Србија по луксузното крстарење: Со мајка ѝ и очувот посетила 25 острови

Еспресо

Ќерката на Карлеуша вечерва станува полнолетна: Сè е подготвено за големата прослава, еве кој ќе пее

Еспресо
Се вчитува....