14.8 C
Скопје
12:40 - 23 март, 2026

Лени Кравиц доаѓа во Скопје со десет камиони звук и светло

На речиси еден месец пред одржувањето на големиот концерт на Лени Кравиц во Скопје, познати се сите технички детали, информираат од „Авалон продукција“.

„Лени Кравиц е познат како музичар кој кога тргнува на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција. Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција. Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Лени Кравиц ќе одржи на сите свои концерти во рамките на турнејата Raise Vibration, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре“, се вели во соопштението од „Авалон продукција“.

Интересот за овој концерт е огромен во целиот регион, а влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.

Слични објави

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси

(Фото) „Да имаш сила кога е тешко“: Соња Тарчуловска ја покажа сестра си

Еспресо

Не сака ништо со него! Ана Ивановиќ ја прекина и последната врска со Швајнштајгер, стави крај и на заедничките милионски бизниси

Еспресо

(Видео) Елена Велевска: Јас сум најодговорната мајка, децата ми се разбрани

Еспресо

(Фото) „Ме замоли да го направам тоа, ветив, не знаев…“ Дарко Лазиќ сподели трогателна објава за својот покоен брат Драган

Еспресо
Се вчитува....