3.8 C
Скопје
03:31 - 10 април, 2026

ЛЕЈДИ ГАГА ОТПАДНА ОД ЛИСТАТА ВО БОРБАТА ЗА ОСКАР: Пејачката оваа година остана без номинација

лејди гага

И покрај предвидувањата дека пејачката и актерка Лејди Гага ќе биде номинирана за најдобра актерка на претстојните Оскари, таа остана без номинација.

Конечната листа на сите номинирани за Оскар е тука, а може да се каже дека најголемото изненадување е што Лејди Гага отпадна од листата на најдобри актерки. Оскарите, место неа ќе бидат резервирани за Хавиер Бардем, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кирстен Данст, Стивен Спилберг и други ѕвезди.

Од премиерата на „Куќата на Гучи“, во која Гага ја игра главната улога – Патриша Реџиано, вдовицата на сопственикот на модната империја Гучи – обожавателите и критичарите предвидуваа дека пејачката и актерката ќе биде номинирана за најдобра актерка.

Сепак, овие предвидувања се покажаа како погрешни.

Во 2019 година, Гага беше номинирана за Оскар во две категории – за најдобра женска улога во филмот „Ѕвездата е родена“ и за најдобра кантавторка за оригиналната песна од истиот филм „Shallow“.

Таа година Гага се закити со Оскар за најдобра песна.

Слични објави

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо

(Фото) Мора да ги видите фотографиите на Цеца Ражнатовиќ во бикини на Кипар!

Еспресо

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо
Се вчитува....