14:47 - 6 февруари, 2026

КРИС НОТ СЕ ОДНЕСУВАЛ НЕПРИСТОЈНО: Актерката Зои Листер-Џонс жртва на сексуално вознемирување

Зои Листер-Џонс Крис Нот

Актерот Крис Нот познат по улогата во култната серија „Sex And The City“, се соочува со обвиненија за сексуално злоставување од две жени кои сакаат да останат анонимни за јавноста. Сега се огласи и актерката Зои Листер-Џонс.

АКТЕРОТ КРИС НОТ ОБВИНЕТ ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Продолжението на „Сексот и градот“ отворило стари рани

39-годишната актерка тврди дека на Крис бил непристоен со неа, во сексуална смисла. Зои својата приказна ја сподели во објава на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoe Lister-Jones (@zoelisterjones)

„Во моите дваесетти работев во клуб во Њујорк во сопственост на Крис Нот. Тој доаѓаше таму неколку пати и секогаш имаше несоодветен, сексуален пристап кон една колешка“, напиша Зои, опишувајќи го своето искуство со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoe Lister-Jones (@zoelisterjones)

„Истата година добив понуда за гостинска улога во серијата „Law & Order“. Тоа беше епизодата кога Крис се врати како детектив по улогата во „Sex And The City“. Тој дојде на сетот пијан. За време на мојата сцена под маса пиеше пиво за време на паузите. Ми пријде еднаш, ми го помириса вратот и ми шепна „Добро мирисаш“. Не му одговорив ниту пак некогаш зборував за тоа. Ниту мојата пријателка во клубот. Ретко кој го прави тоа“, напиша актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoe Lister-Jones (@zoelisterjones)

Да потсетиме, две жени неодамна излегоа во јавноста со приказната дека актерот сексуално ги злоставувал. Тие тврдат дека инцидентите се случиле во Лос Анџелес во 2004 година и во Њујорк во 2015 година.

Актерот во изјава за „The Hollywood Reporter“ ги негираше сите обвинувања.

Слични објави

Мистерија: Што се случува со рацете на сопругот на Азис

Е.А.

Харис Џиновиќ „откачил“ колешка поради новата девојка: „Сè беше идеално, а потоа едноставно исчезна“

Е.А.

„Бледа сум, имам чувство на тежина во главата“: Данијела Димитровска ги загрижи сите со нова објава

Е.А.

Заработила 800.000 евра! Пејачката со македонско потекло направи хит што стана вирален на социјалните мрежи ширум светот

Еспресо

Јелена Карлеуша бесна на Теодора Џехверовиќ: „Девојко, ти можеш да постоиш само три месеци на сцената!“

Еспресо

„Со него сум 19 години, имаме две деца“: Скандалозна исповед на жена која тврди дека е во брак со партнерот на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....