14:52 - 1 април, 2026

„Кралица тротоара“ имала сосема друга судбина: Песната не била пишувана за Миле Китиќ и не требало да биде народна

Песната „Кралица тротоара“, која денес се смета за еден од најголемите хитови на Миле Китиќ, всушност првично воопшто не била замислена како народна песна, ниту пак како композиција за него.

Авторот на текстот, Стево Симеуновиќ, во едно интервју откри дека идејата за оваа нумера била сосема поинаква – замислена била во поп манир, со звук на две акустични гитари, наменета за пејач од типот на Ѓорѓе Балашевиќ.

– Дојдов кај него дома со сопругата Марта. Ја листавме неговата тетратка со текстови и налетавме на „Кралица тротоара“. Ми рече дека таа песна не е за мене – раскажа Китиќ.

Иако текстот првично го збунил, токму неговата сопруга Марта инсистирала тој да ја земе песната.

Аранжерот Пера Здравковиќ на почетокот бил скептичен кон идејата „Кралица тротоара“ да се претвори во народна песна.

– Кога влегов во студио, Пера не беше сигурен во песната. Но затоа Кемиш и мојата Марта веруваа во неа. Пера на крајот замина дома, преспа, се врати следниот ден и направи аранжман. И се случи тоа што се случи – откри Китиќ во емисијата „Из профила“.

Фолк-пејачот неодамна одбележа 50 години кариера. Во текот на сите овие децении успеал да заработи и вложи во недвижности. Јавноста неодамна имаше прилика да ја види неговата нова вила на Авала, за која се шпекулира дека вреди околу половина милион евра.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....