11.8 C
Скопје
13:02 - 19 март, 2026

Која е ФАТАЛНАТА БРИНЕТА што сакала да побегне од Украина СО 28 МИЛИОНИ ДОЛАРИ КЕШ?

Веста за гламурозната сопруга на познатиот украински тајкун и политичар Игор Котвицки, која се обидела преку унгарскиот граничен премин да префрли 28 милиони долари и 1,3 милиони евра во кеш го привлече вниманието на светските медиуми.

Парите кои 32-годишната Анастасија Котвицки сакала да ги пренесе преку границата ги пронашле цариниците на унгарската граница, пишува Daily Mail.

Украинските медиуми јавуваат дека против неа ќе биде покрената кривична постапка, бидејќи таа не пријавила изнесување на огромна сума пари од земјата.

Котвицки на инстаграм-профилот на својата ќерка од првиот брак порача дека веста е лажна и дека парите се во банки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WION (@wionews)

Која е всушност оваа фатална бринета?

Анастасија Котвицки од минатата година е во брак со политичарот и таа е негова втора сопруга. Претходно работела во Одделот за економија и меѓународни односи на Регионалната социјална управа во Харков, а по бракот основала сопствена компанија „Геос“.

printscreen/https://sleekgist.com/glam-wife-of-tycoon-caught-at-ukrainian-border-trying-to-sneak-over-22m-in-cash/

Игор Котвицки, некогаш најбогатиот пратеник во Украина, рекол дека неговата сопруга ја напуштила земјата за да може да роди и негирал дека знаел дека Анастасија пренесувала пари.

printscreen

„Анастасија замина пред една недела за да се договори за породувањето, каде да се породи и со кого. Таа требаше да се породи во Буча, но таму сѐ е бомбардирано. Сите мои пари се во украинските банки, ништо не извадив“, рекол тој, пред да ги затвори своите профили на социјалните мрежи.

Неговата ќерка Виолета, која се школувала во Швајцарија, рекла дека приказната е „лажна и дека тоа се обични гласини“.

Слични објави

Карлеуша за здравјето на Ѓани и трагедијата на Дарко Лазиќ: „Ова е тежок период за естрадата“

Еспресо

Планирам средба со пријатели два месеци однапред: Сара Мејс откри непознати детали за себеси

Еспресо

Тања Савиќ: Се покајав за естетските корекции, имам проблем со филерите

msp-admin

(Фото) Ирена Спировска во ултра мини на посебен настан, изгледа многу помладо

Еспресо

Драма во Русија: Гога Секулиќ во паника се вратила во Србија, платила 5.000 евра за итен лет

apostolova

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....