2.8 C
Скопје
03:34 - 24 декември, 2024

„Кој е планот на принцот Чарлс?“: Децата на принцот Хари и Меган Маркл никогаш нема да добијат кралски титули

кралско семејство

Дали децата на принцот Хари и Меган Маркл никогаш нема да добијат кралски титули? Имено, се шпекулира дека долгорочниот план на принцот Чарлс, кој е прв во редот за кралската круна, е да се намали бројот на членови во монархијата.

Според „Дејли Мејл“, ако се вистинити најновите гласини за плановите на принцот Чарлс за иднината на британската монархија, децата на принцот Хари и Меган Маркл, Арчи и Лилибет, никогаш нема да добијат кралски титули.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Имено, принцот од Велс на војводите од Сасекс им дал до знаење дека нивните деца нема да добијат титули еден ден кога ќе го преземе престолот, иако според сегашното воспоставено правило „внукот на владетелот има право да биде принц“.

Тоа објаснува зошто Арчи и Лилибет во моментов не ги поседуваат титулите, но се очекуваше да им бидат доделени подоцна во иднина. Имено, во моментот кога нивниот дедо, принцот Чарлс, ќе го заземе кралскиот трон што сега ѝ припаѓа на кралицата Елизабета, неговите внуци треба автоматски да добијат титули, но тој очигледно планира официјално да го промени тоа правило.

меган маркл принц хари
Фото: EPA-EFE/TOBY MELVILLE

Извор близок до војводата и војвотката од Сасекс откри дека Чарлс рекол дека „ќе ги промени клучните правни документи“ за да се осигура дека Арчи и неговата помлада сестра Лилибет не можат да ги наследат кралските титули еден ден кога нивниот дедо ќе стане крал.

На Хари и Меган им беше кажано дека Арчи никогаш нема да биде принц, дури и кога Чарлс ќе стане крал“, рекол изворот. Ако е вистина, оваа одлука на Чарлс всушност не е насочена против Хари, Меган и нивните деца ниту пак е резултат на актуелната „расправија“ на Сасекс со кралското семејство, туку е дел од поголем план според кој Чарлс мора да го намали бројот на вработени членови на кралски двор.

 

„Чарлс никогаш не криел дека сака да го намали бројот на членови на монархијата еден ден кога ќе стане крал“, рекол извор за „Сан“. „Тој сфаќа дека јавноста не сака да плати за огромна монархија и, како што рече, со оваа брзина балконот во Бакингемската палата веројатно ќе се сруши“.

Во 2012 година, кралицата Елизабета издала нов документ за наследство во пресрет на раѓањето на принцот Џорџ, со кој се вовеле значајни промени со цел сите деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон да добијат кралски титули.

Фото: Profimedia

Иако децата на прицот Вилијам и Кејт Мидлтон, исто како и Арчи и Лилибет, се правнуци на кралицата, од причина што Вилијам е директен наследник во линијата на наследство, старите правила диктираа неговиот најстар син автоматски да ја добие титулата.

Што се однесува до наводните планови на Чарлс да ги промени правилата за наследување на титулите, палатата сè уште нема коментар. „Нема да шпекулираме за наследството ниту ќе ги коментираме гласините што доаѓаат од Америка“, изјавил кралски извор за „Сан“ во последните извештаи.

Слични објави

Позната српска пејачка реши да преработи песни на Марина Туцаковиќ: Фута конечно откри што мисли за тоа

Еспресо

Позната состојбата на Милиќ Вукашиновиќ: На рокерот му беше ампутирана ногата, еве каде е сега и како се чувствува

Еспресо

(Фото) „Без филтери“: Јована Јеремиќ сподели необработена фотографија и покажа како навистина изгледа

Еспресо

Весна Ѓогани ја откри вистината за бракот со Ѓоле Ѓогани: Никогаш не сме си кажале дека се сакаме!

Еспресо

(Фото) Најслаткото нешто што ќе го видите денeска: Дарко Лазиќ и малата Срна во новогодишни пижами

А.Ј.

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо
Се вчитува....