14:22 - 27 ноември, 2026

„Кога скорпија ќе замолчи, значи дека…“ Дали Марија Шерифовиќ ѝ одговори на Карлеуша со оваа порака по расправијата?

Медиумите повторно пишуваат за врската на пејачките Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, кои некогаш беа блиски пријателки.

За време на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, тие беа дел од жири-комисијата и правеа шоу пред камерите, што резултираше со добра дружба.

Меѓутоа, набргу откако Карли престана да биде дел од жирито на овој музички натпревар, нивното пријателство пукна.

Поточно, како што сега откри Карлеуша во подкаст, ја раскинала врската во моментот кога Марија лајкувала коментар во кој има навреда за Јелена.

– Мислам дека последната капка поврзана со мене и Марија беше кога ѝ се допадна еден многу грд коментар на Твитер, каде што бев навредувана. Првиот лајк беше нејзин. Не знам зошто го направи тоа – објасни Карли.

Видеото во кое Јелена зборува за Марија со денови кружи на социјалните мрежи, а во екот на ситуацијата – Шерифовиќ сподели порака за која многумина мислеа дека е упатена до Јелена, иако таа не го посочи тоа.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....