08:36 - 7 април, 2026

ЌЕРКАТА НА МАДОНА ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА КАМПАЊАТА НА РИЈАНА: Лудрес позира во секси долна облека од латекс

Ќерката на Мадона, Лурдес Лион е една од заштитните лица на новата кампања на модниот бренд на Ријана „Savage X Fenty“. Покрај неа во ултра секси изданија се појавуваат и Синди Крафорд и Емили Ратајковски.

лудрес леон
Фото: Принтскрин/Instagram/lourdesleon

Третата колекција на Ријана денес се прикажува исклучиво на „Amazon Prime“, а Лурдес ја најави со серија жешки фотографии кои ги објави на својот инстаграм-профил. Таа позира во латекс градник, наметка и чизми високи до бутовите.

„Прекрасна си, Лурдес. Ги имаш очите на мајка ти“, коментираше еден од нејзините следбеници под објавата, а потоа следеа уште многу коментари со пофални зборови за нејзиниот атрактивен изглед.

лудрес леон
Фото: Принтскрин/Instagram/lourdesleon

Лурдес дебитираше на модната писта во 2018 година на модната недела во Њујорк, а ова не е првпат да биде во улога на модел за долна облека. Таа позираше и за линијата „Parade x Juicy Couture“, а се појави и во кампањи за „Swarovski“ и Марк Џејкобс.

Во септември ќерката на Мадона се појави на насловната страница на „Vogue“ заедно со Џиџи Хадид и Каја Гербер.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....