21.8 C
Скопје
13:28 - 29 септември, 2026

Кеба откри детали за ќерката Наташа по нејзиното враќање во Србија: „Таинствена е, не ѝ е лесно…“

Популарниот пејач Драган Којиќ – Кеба беше гостин во емисијата „Stars specijal“, што се емитува секоја недела во 23:30 часот на Курир телевизија.

Него го интервјуираа водителите Горан Јовановиќ, Иван Клеут, Оливија Јонтиќ и Милица Станимировиќ, а заедно разговараа за бројни естрадни теми, како и за настаните од животот и досегашната кариера на Кеба.

Кеба во емисијата зборуваше и за својата ќерка Наташа, која неодамна се вратила во Србија по долг престој во Америка.

– Наташа е секогаш расположена. Сега изгледа како вила Равијојла, затегната е. Постојано вежба. Не ѝ е лесно, ја немаше овде цели 14 години. Во моментот е во фаза на привикнување. Не смеам да откривам какви ѝ се плановите, а и не ги знам точно. Таа е многу таинствена – рече Кеба.

– Ја сака Америка, може да живее таму без проблем. Сега е и тука и таму, и навистина ѝ посакувам сè најдобро. Така е најдобро – додаде тој.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....