05:46 - 4 април, 2026

Карлеуша избриша патос со Северина: „Ти си полоша од шверцерка и дилерка на дрога“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ синоќа, 25 август, го привлекла вниманието на српската полиција на граница, што предизвика низа коментари, меѓу кои се истакна остриот тон на регионалната музичка ѕвезда Јелена Карлеуша. Вучковиќ беше приведена неколку часа по редовната процедура при влез во Србија, а потоа следувало нејзино враќање во Хрватска.

„Секој кој себе се нарекува чесен човек, добар човек и човек со здрав разум, јавно ќе осуди некој што слави и се радува на протерувањето на половина милион луѓе од една земја. Во случајот со пејачката Северина, која гласно го слави геноцидот врз хрватските граѓани од српска националност, најмалку што може да направи оваа земја е да го претресе нејзиниот автомобил. Затоа што таа е многу полоша од шверцерка и дилер на дрога. Таа е некој што пропагира фашизам и омраза, а за такви во Србија нема место“ – остро Карлеуша ја нападна Северина.

принтскрин

Потсетуваме, неодамна сопругот на Карлеуша, фудбалерот Тошиќ, ѝ пишуваше дописки на Северина канејќи ја на јахта во Турција во периодот кога тој и сега „смирената“ сопруга Карлеуша беа пред развод.

Па оттука и не се за чудење острите напади на Карлеуша против Северина без разлика на вистинските причини.

(Фото) Душко Тошиќ и Северина главен мајтап на социјалните мрежи: „Не се знае кој е побизарен“

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....