01:09 - 26 февруари, 2026

Канадски весник најави „топол“ пречек за кралскиот пар: Хари и Меган и зошто кралското семејство не може да живее во Канада

Контроверзниот канадски весник „Глоуб енд мејл“, излезе со насловна страница која гласи – „Хари и Меган и зошто кралското семејство не може да живее во Канада“, преку која се укажува на тоа дека кралскиот пар нема да има топло добредојде во оваа земја.

Во објавениот текст стои дека Канада не е отворена за членовите на кралското семејство, со образложение дека во земјата се добредојдени сите освен членови на кралско семејство.

„Луѓето од сите вери, националности и раси се добредојдени во Канада, но ако сте член на кралско семејство од висок ранг, оваа земја не може да стане ваш дом“ стои во дел од текстот.

Ова значи дека принцот Хари, шестиот во редот за британскиот престол, не може да биде жител на Канада, а во исто време го нарушува непишаното уставно табу.

– Членовите на нашето кралско семејство не живеат овде, тие владеат од далеку. Блиску до нашите срца, далеку од нашите огништа – пишува во текстот.

Instagram

Посетите на кралското семејство на оваа земја се прифатливи, но поради односите меѓу Канада и Велика Британија и Канада и круната, преселбата таму не е пожелна, пишува во колумната.

– Канада не е резервен дом за оние кои сакаат да избегаат од Велика Британија, но сепак имаат кралска титула – стои во дел од текстот.

Исто така, она што им пречи на Канаѓаните се трошоците што можеби ќе треба да ги плаќаат од сопствен џеб.

Засега не е познато како ќе се финансираат Хари и Меган во Канада, односно дали тоа ќе го прават самостојно или дел од парите ќе доаѓаат од даночните обврзници.

Жителите на Канада се лути, бидејќи тамошната влада се понуди да ги плати нивните сметки за осигурување, што изнесува околу милиони фунти годишно.

По објавувањето дека тие заминуваат од Велика Британија, принцот Хари остана во Лондон, а Меган Маркл и нивниот син Арчи отпатуваа за Ванкувер каде што престојуваат некое време, откако претходно ги минаа таму и божиќните празници.

Слични објави

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо
Се вчитува....