12:56 - 8 ноември, 2026

Кајли Џенер во средиште на скандал по обвиненијата што осамнаа на страницата на Форбс: Кралицата на карминот може да заврши во затвор!

Кајли Џенер би можела да се соочи со затвор, откако на официјалниот сајт на Форбс е објавен текст со тврдења дека влијателната убавица веќе не е милијардерка и дека исплетла „мрежа од лаги“, пишува Дејли мејл.

„Таа исплела мрежа лаги за податоците на компанијата, ја надувала големината на бизнисот и успехот, а ни во исплатата на данокот не била чесна“, пишува во текстот што вчера го објави Форбс.

„Лажела за податоците на компанијата и фалсификувала даночни пријави“, наведе Форбс,  додавајќи дека го направила сето тоа за да „го достигне статусот на милијардерка“.

Дејли мејл ги пренесува изјавите на познатиот адвокат Јан Ханџлик, кој вели дека тврдењата на Форбс би можеле да ја стават „кралицата на карминот“ во сериозна законска неволја.

„Мојата претпоставка е дека Комисијата за размена на хартии од вредност ќе започне неформална истрага, а потоа можеби ќе се достигне ниво на формална истрага, која ќе доведе до покана за суд“, вели Ханџлик.

„Ако Министерството за правда одлучи ова да стане кривичен случај, ако дојде до осудувачка пресуда, тоа би можело да вклучи и затворска казна за сите лица кои се одговорни“, наведува бившиот сојузен тужител.

По текстот на Форбс Кајли се огласи на Твитер.

„Со што се будам… Мислев дека ова е угледен веб-сајт… Сè што гледам се бројни неточни изјави и непотврдени претпоставки. Никогаш не сум барала некаква титула, ниту се обидов да лажам. Точка“, напишала Кајли.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....