7.8 C
Скопје
23:05 - 31 март, 2026

Јована Јоксимовиќ за односот со ќерката на Жељко: „Јас не можам да ѝ бидам ни мајка, ни другарка“

Жељко и Јована Јоксимовиќ се во брак со години и имаат три деца – синот Коста и ќерките Ана и Срна.

Меѓутоа, како што е познато, пред да се ожени со Јована, Жељко беше во брак со сопругата Весна, со која ја доби ќерката Мина, која тргна по стапките на нејзиниот татко и се занимава со музика.

Во една прилика Јована проговори за врската со Мина, а потоа ја спомена и поранешната сопруга на Јоксимовиќ.

„Не можам да бидам нејзина другарка, а не можам да ѝ бидам ни мајка. Можам да бидам нејзин пријател и некој кој, за што и да ѝ треба, секогаш ќе биде таму. Луѓето ужасно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители, прекрасна мајка и прекрасен татко“, изјави тогаш Јована, пишува „Блиц“.

Мина и Жељко Јоксимовиќ / Фото: Инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

„Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Како што тој има топлина во куќата на мајка му, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но тука ја нема“, додаде таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....