17:02 - 1 ноември, 2026

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

Легендарната хрватска пејачка Јосипа Лисац му оддаде последна почит на Мишо Ковач, кој почина на 31 октомври, на 85-годишна возраст. Со негова фотографија и емотивна порака на Инстаграм, таа се присети на неговата исклучителна популарност и влијанието што го имаше врз публиката.

Лисац го опиша Ковач како музички феномен, човек кој со своите песни успеа да допре до милиони слушатели. Во посветата особено го истакна неговиот бунтовен дух, по кој беше препознатлив во текот на кариерата.

„Мишо, ти си човек кој фасцинираше, освојуваше и хипнотизираше милиони луѓе со своите песни, кои сами се пееја… Мишо, ти беше вечен бунтовник, и тоа со причина…“, напиша пејачката.

 

Прикажи ову објаву у апликацији Instagram

 

Објава коју дели Josipa Lisac (@josipa_lisac)


Со неколку реченици, Јосипа потсети на посебната врска што Ковач ја имаше со својата публика. Неговите песни со децении се слушаа низ целиот регион, а концертите привлекуваа илјадници обожаватели кои ги пееја неговите најголеми хитови.

Иако имаа различни музички стилови, Јосипа Лисац и Мишо Ковач припаѓаа на генерацијата изведувачи што ја обликуваше популарната музика на поранешна Југославија.

Мишо Ковач почина во својот дом во Сплит. По веста за неговата смрт, бројни колеги и обожаватели се простија од него преку социјалните мрежи, споделувајќи спомени и пораки во негова чест.

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....