14.8 C
Скопје
15:38 - 22 март, 2026

Јелена Розга во проблеми: Приведен маж кој ја прогонувал и сакал да му биде девојка!

Пејачката Јелена Розга неодамна помина низ многу непријатен период. Непознат маж за време на карантинот, па и претходно доаѓал пред нејзината зграда во Сплит и ја вознемирувал.

Слободна Далмација известува дека неговиот идентитет е утврден и дека општинското државно обвинителство во Сплит покрена обвинение против него и побара од судот да ја прифати нивната кривична наредба. Тие бараат шестмесечна затворска казна со условна казна од две години за нападно однесување кон пејачката.

Во обвинението се тврди дека човекот, кој е десет години постар од Јелена, испраќал несоодветни пораки до пејачката преку е-пошта и Инстаграм и тоа од 13.08.2019, инсистирајќи да се дружи со неа, барал да се во љубовна врска и да имаат интимни односи.

елена ги игнорирала неговите пораки и воопшто не комуницирала со него, но тоа не го спречило да продолжи со прогонувањето. Во август оваа година тој се појавил пред нејзината врата, се фотографирал пред нејзината зграда и ѝ испратил фотографии дека ја чека.

Откако на крајот на август годинава Јелена на Инстаграм објавила фотографија со нејзиното друштво, тој повторно ја пронашол, дошол до неа и ѝ се обратил директно, пренесува Слободна Далмација.

По тој случај, Јелена решила да ја контактира полицијата и да им пријави сè. Мажот признал сè пред полицијата и открил дека ја контактирал за прв пат во 2017 година и дека сега веќе му е јасно дека не сака да комуницира со него и дека повеќе нема да се однесува несоодветно.

Слични објави

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо
Се вчитува....