22.8 C
Скопје
17:29 - 27 април, 2024

Трла баба лан, да јој проѓе дан

И со најдобра намера, повторно не го сфаќам предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за партиска средба „на највисоко (здравствено) ниво“ помеѓу министерот Филипче и шефот на здравствената комисија на опозицијата, епидемиологот д-р Вело Марковски – имало таква средба, немало?! – од што би сакале да произлезе Специјална државна комисија за борба против пандемијата, составена од 9 експерти…

Од една страна, д-р Марковски од почетокот на епидемијата упорно тврди (речиси на раб на прогласување светска конспирација) дека вирусот не е толку опасен колку што се претставува во домашната и светската јавност; наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ има најригидни, иако сосема „магловити“, партиски препораки за справување со здравствените предизвици – кој ги формулира таквите препораки во партијата, ако шефот на нивната здравствена комисија има потполно различни ставови од првенците на таа партија?!

И што би се добило со формирање Специјална државна комисија од 9 членови (што баш 9, а не 7 или 12?!), а што го немаме со постоечката Комисија за заразни болести во која членуваат и дневно се состануваат дваесетина официјални претставници на најважните здравствени институции во земјава и други релевантни експерти за оваа проблематика? Бидејќи ВМРО тврди дека резултатите на Владата во борбата против ковид-19 се „катастрофални“, какво здравствено чудо ќе извлече „од ракавот“ новата Специјална комисија што до сега не е пробано?

Дали е, всушност, проблемот да се додаде д-р Марковски во постоечката Комисија? Па, нека се покани човекот, за наместо по интервјуа и јавни настапи, пред колегите нека ги објаснува своите стручни идеи за мерките што треба да се преземат (или да се укинат) во справувањето со епидемијата. Тоа е секако подобро, отколку Мицкоски и Милошоски да даваат рецепти како „мали Ѓокици“ за тоа што треба да се прави во здравството.

Но, нејќе да е тоа проблемот. Катастрофичниот приод на опозицијата за сè што се случува во Македонија не дозволува да се пропушти оваа „идеална“ прилика со епидемијата за да не се посоли врз „раната“ на општата загриженост во јавноста. Ако нешто може да се усложни, да се успори, да се закочи – политичкиот инстинкт на опозицијата е тоа да го направат. Но, едно е тој пристап да се применува за, на пример, реформите на правосудството или за евро-интегративните процеси; а сосема друго е кога таквиот примордијален политички инстинкт проработува кога е здравјето во прашање.

Тоа не значи дека актуелната здравствена политика е „идеална“ – никаде не е, погледајте ја тешката ситуација и во другите земји – и дека нема место за критики. Никој не ја спречува опозицијата да излезе со стручно мислење на „нивните“ (а и тие се „наши“) здравствени експерти и таксативно, со еден кохерентен пристап, да кажат дали предлагаат нови протоколи за лекување, нов начин за прием во болниците, поинакво носење на маски, други средства за дезинфекција, поголем буџет за здравството, различни забрани за движења и работа, повисоки казни, итен полициски час… Што? За тоа не треба нова здравствена државна комисија, па макар била и „Специјална“.

Ништо од тоа. Само продолжение на политиканското трла-баба-лан-да јој-проѓе-дан. Побрзо ќе дочекаме вакцина, од конструктивност на опозицијата.

The post Трла баба лан, да јој проѓе дан appeared first on Слободен печат.


Трла баба лан, да јој проѓе дан was first posted on октомври 22, 2020 at 8:28 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....