11:00 - 1 ноември, 2026

Јелена Карлеуша се враќа на Инстаграм! Српската ѕвезда откри на кој датум ќе се случи тоа

Српската пејачка Јелена Карлеуша најави дека наскоро повторно ќе биде активна на Инстаграм.

Таа на социјалната мрежа Икс откри дека новиот профил ќе го отвори на 17 август, денот кога го слави својот роденден.

„На мојот роденден, 17 август, ќе отворам нов профил на Инстаграм“, порача Карлеуша, додавајќи емотикон со скршено срце.


Нејзиниот претходен профил имаше голем број следбеници, а најавата за враќањето предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели.

Карлеуша во последниот период беше во центарот на јавноста и по откажувањето на нејзиниот настап во Хрватска.

Во изјава за „РТЛ Данас“, таа рече дека очекувала таков исход и ги отфрли обвинувањата дека некогаш зборувала против хрватскиот народ.

Пејачката тврдеше дека нејзините претходни изјави се однесувале на политички прашања и дека дел од нив биле извадени од контекст. Таа нагласи дека музиката и политиката не треба да се мешаат и порача дека хрватските изведувачи секогаш се добредојдени во Србија.

„Никогаш во животот не сум кажала збор против хрватскиот народ, ниту ќе кажам“, истакна Карлеуша, додавајќи дека се надева оти повторно ќе настапува во Хрватска кога ќе стивнат актуелните тензии.

Слични објави

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.
Се вчитува....