11:02 - 1 ноември, 2026

(Фото) Летен одмор во Охрид — Татјана Лазаревска ужива покрај езерото

Македонската фолк-пејачка Татјана Лазаревска летово престојува во Македонија, а дел од слободното време го искористи за одмор во Охрид.

Лазаревска објави неколку фотографии од крајбрежјето на Охридското Езеро, на кои позира во летно издание – зелен костим за капење, бели шорцеви, бела кошула и шешир.

Татјана Лазаревска / Фото: Фејсбук/Татјана Лазаревска

На една од фотографиите пејачката се релаксира на лежалка покрај езерото, додека на друга позира во педалинка на вода.

Со своите следбеници сподели и фотографии од плажата и од непосредната близина на езерскиот брег.

Татјана Лазаревска / Фото: Фејсбук/Татјана Лазаревска

Лазаревска долги години живее и работи во Мелбурн, Австралија, заедно со сопругот Новица Василевски и семејството, но останува активна и на македонската музичка сцена.

Татјана Лазаревска / Фото: Фејсбук/Татјана Лазаревска

Слични објави

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.
Се вчитува....