0.8 C
Скопје
18:54 - 21 февруари, 2025

Јелена Карлеуша ја изнеле од концертот во Скопје: Главата ѝ била крвава, костимот ѝ експлодирал

Српската поп дива Јелена Карлеуша приреди вистински спектакл на својот прв концерт во рамките на новата музичка турнеја „Алфа и омега“ во преполната Арена „Јане Сандански“ во Скопје.

Очекувано, Јелена беше на висина на задачата, па на публиката ѝ приреди незаборавен настап на кој би ѝ позавиделе и светските ѕвезди.

– На публиката одамна не ѝ е доволно само некој да застане и да пее, како што некои мислат. Велат: „Мене не ми треба да летам, ниту да скокам, ниту циркус, доволно ми е да стојам и да пеам“… Така тие мислат, затоа нивните кариери изгледаат како што изгледаат и траат колку што траат. Публиката секогаш бара повеќе. Не само што пееш, тоа се подразбира, не само да имаш хитови, туку и танцуваш и да имаш брутален сценски настап, костими, кореографија и продукција. Дека тоа не треба да биде нешто што се нарекува понижување на публиката со некои две ламби и две штици, изведувачот воопшто да помисли дека тоа е доволно за публиката – не е. Скалата се искачи нагоре, јас сакам да го следам трендот на светските ѕвезди. Едноставно се нервирам колку некои мои колеги малку ѝ даваат на публиката, бидејќи мислам дека Балканот не заслужува да биде терен на испотени пејачки во синтетички фустани кои вртат нешто во некаков стомачен танц. Мора да се даде многу повеќе, а мислам дека ние тоа го покажавме на концертот – рекла Јелена по настапот за српска „Република“.

Сепак, во текот на концертот не поминало сè како што беше планирано. Имено, на крајот на вечерта Јелена се здобила со повреда на главата, па, како што вели, нејзиниот тим морал да ја изнесе надвор од салата.

– Видов дека еден костим експлодираше на мене! Почувствував дека нешто пукна врз мене, но го игнорирав тоа и се молев никој да не забележи. Всушност, сè се гледа и сето тоа се случува, тоа е шоу во живо. Пукаат костими, потпетици, чорапи… Бев толку изморена после концертот, што буквално ме изнесоа надвор. Имавме проблем со шлемот кој ми се врежа во челото, но тука не е во прашање само шлемот. Во еден дел од концертот носам претежок дел од костимот, поради што денеска сум цела во модринки околу вратот и рамената. Тој шлем што го носев целосно ми ја раскрвави главата, цела бев крвава… Па и тие кристали, сето тоа е многу остра и ме сече, но јас всушност имам сурова самоконтрола и концентрација да го игнорирам сето тоа и да ѝ се посветам на публиката – открила музичката ѕвезда.

 

Слични објави

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи драстична промена, луѓето не можат да престанат да зборуваат за тоа

Еспресо

Објавено видео од Милица Павловиќ по скандалот со Карлеуша! Таа ѝ зададе уште еден удар

Еспресо

Ѕвездата на серијата „Грдата Бети“ уапсен, давал отпор на полицијата

Еспресо

(Фото) На Теодора Џехверовиќ ѝ коментараа дека се здебелила, па таа возврати: „За тебе сум најдобра!“

apostolova

Дедото на Вељко Ражнатовиќ му одржа лекција на зетот: Му ја даде раката на својата најмлада ќерка, па му покажа со кого си има работа

apostolova
Се вчитува....