6.8 C
Скопје
05:40 - 30 март, 2026

Јелена Карлеуша, Атина и Ника: Секоја во свој стил прошетаа низ белградските улици

Instagram

Ќерките на поп – sвездата Јелена Карлеуша (42) и фудбалерот Душко Тошиќ (35), Атина (12) и Ника (11), прераснаа во вистински убавици и прекрасни млади дами, со што се гордеат и нивните родители.

Јелена објави фотографија од прошетката низ Белград со нејзините две прекрасни ќерки, тинејџерките Атина и Ника кои многу се разликуваа во нивниот стил и изглед.

Ника беше облечена во црна комбинација која ја надополни со спортски патики и интересна – пуфкаста јакна, а додека Атина се одлучи за колоритен фустан во пастелни бои кој го надополни со интересни бели мартинки и бела бунда од вештачко крзно.

Јелена како и некогаш непогрешлива во својот моден избор блескаше во син капут, бел шешир и чанта надополнета со високи чизми во беж боја.

Сите три дами беа скоцнани од глава до пети, а сите коментираа дека постарата ќерка навистина се повеќе наликува на нејзината мајка.

Instagram
Instagram

Атина и Ника го привлекуваат вниманието на јавноста уште од мали нозе. Ника е позната по смешните видеа кои ги споделува на социјалните мрежи, а исто така и како млада дама која ужива во фудбалот, наследено од нејзиниот татко, а Анита се повеќе ја споредуваат со Јелена од изглед до стил.

Двете тинејџерки сега имаат и свои профили на Инстаграм и се чини дека се на добар пат да стигнат до огромен број на фанови за многу кратко време.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....