10.8 C
Скопје
12:43 - 28 март, 2026

„Јас и сопругот имавме три разводи!“: Сања Маринковиќ проговори за најтешкиот период од нејзиниот живот

Водителката Сања Маринковиќ се разведе од Александар Ухрин со кој го има синот Страхиња, а сега отворено проговори за тешкиот период.

Сања се присети на болниот разговор што го имала со сопругот во тоа време, кога решиле да се разделат.

„Со мојот поранешен сопруг имавме три разводи. Првото и најболното беше дома за нас двајца и нашето најблиско семејство, второто кога се соочи нашиот син Страхиња и последното – за медиумите. Првото ми беше најтешко, бидејќи кога се мажев сонував дека ќе биде до крајот на животот, затоа се омажив дури во триесеттите“, рече Сања и откри дека долго го криеле разводот од нивниот син.

„Страхиња долго време не знаеше дека сме разведени бидејќи се плашев како ќе прифати. Од друга страна, не сакав од медиумите да дознае дека неговите родители се разведени, целта ми беше се да договорам дома, па дури потоа да му ја објаснам ситуацијата . Во моментот кога ми рече: ‘Мамо, тоа е само развод’, сфатив дека е време јавноста да дознае. Со години се занимавам со животи на познати личности и со теми кои ги интересираат жените, би било нечесно од моја страна да кријам нешто такво“, изјави водителката.

Слични објави

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.
Се вчитува....