9.8 C
Скопје
22:57 - 4 февруари, 2026

„Ја изгубив косата на 13 години…“: Девојката на Бака Прасе проговори за здравствените проблеми

Српската инфлуенсерка Ања Благојевиќ, позната како Ања Бла, и девојка на познатиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, е секојдневно активна на социјалните мрежи

Таа постојано зборува на различни теми, а сега проговори и за нејзините здравствени проблеми.

Ања откри дека долги години се соочува со полицистични јајници, а се започнало кога имала само 13 години.

„Ќе почнам да објавувам содржини поврзани со полицистични јајници. Што јадам, какви суплементи користам итн.  Бидејќи пијам многу суплементи и тоа е сложена тема, ќе има многу видеа и приказни…“, започна Ања.

„Што се однесува до исхраната , накратко, најважно е да се елиминираат јаглехидратите. Не е одржливо да ги исфрлиме засекогаш, се разбира, ниту треба. Но, пократок временски период е добар, за чистење на телото. Ги исклучив две недели и потоа полека повторно ги воведов. Сега јадам јаглехидрати со низок гликемиски индекс, а оние со висок гликемиски индекс ги избегнувам што е можно повеќе. Прочитајте малку за тоа на интернет, но наскоро ќе направам и видео на оваа тема. Плус многу важна работа е да се јаде многу зеленчук, кој искрено никогаш не го јадев. Па, навистина ми е тешко…“, изјави инфлуенсерката.

Тогаш Ања откри какви симптоми имала и истакна дека кај секого може да биде различно. Некој може да ги има сите симптоми, а некој само еден. Еве кои ги издвоила: цисти на јајниците, нередовни менструации, акни, замор, опаѓање на косата, отпорност на инсулин и покачено ниво на тестостерон.

За жал, Ања овој проблем го добила на многу млада возраст:

„Менструалниот циклус го добив на 12 години, а веќе на 13 ми падна половина од косата и косата стана исклучително тенка и брановидна, а имав густа и права коса. Тоа беше првиот симптом , но секако не бев свесна за тоа во тој момент. Од 15 години менструацијата ми стана неправилна и дури на 17 години направив ултразвук и видов дека се полицистични. И оттогаш, одвреме-навреме го решавам проблемот, а потоа повторно се враќа и така во круг“, раскажа таа.

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....