9.8 C
Скопје
12:38 - 1 април, 2026

„Изгубив сè што имав, но јогата ме спаси“: Лејла Рамковска си ја отвори душата

Јога-инструкторката Лејла Рамковска, која на својот инстаграм-профил има повеќе од 29.000 следбеници, искрено проговори за својот најтежок период во животот и начинот на кој токму јогата ѝ помогнала повторно да се изгради – и физички, и духовно.

Во својата емотивна објава, Лејла напиша:

„Заборавив каква бев пред 12 години… слаба, нефлексибилна, со гастритис, дискус, спондилоза, калцификат на рамото, нарушен центарот за баланс и вертиго, само 49 килограми, со две мали деца, изгубивме сè што имавме, финансиски на дното, со брак кој се распаѓаше. Тогаш почувствував дека сум пред самиот крај на дното.

Токму тогаш се свртев кон себе. Се изолирав и започнав со јога. Полека, чекор по чекор, стекнав флексибилност, сила и нова стабилност. И животот почна повторно да се движи во нагорна линија, почнаа да наидуваат нови можности…

Благодарна сум на сите вас што ме поддржавте, преку социјалните мрежи, како поединци така и фирми, полните групи и како верни практиканти.

Последниве месеци направив пауза, неконзистентно вежбав… и повторно се вратија анксиозноста, утринските болки и вкочанетоста. Ова само ме потсети: јогата е мојот пат, мојата лекција и мојата сила. Каде јас, таму и мојот мат“

Многумина ѝ честитаа за упорноста и инспиративниот дух, со пораки дека нејзината приказна ги мотивирала и тие да започнат со јога.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....