16:54 - 1 април, 2026

Изгоре викeндицата на раперот Јала Брат: Пожарот избувнал во раните утрински часови, еве што го предизвикало

Рано утрово, малку по три часот, избувна пожар во една од викендиците во селото Врутци, во близина на Нишиќ, општина Илијаш. Како што наведуваат српските медиуми, станува збор за викендичка на популарниот босански рапер Јасмин Фазлиќ, попознат како Јала Брат.

Како што потврди Професионалната противпожарна бригада на Сараевскиот кантон, пожарот е изгаснат.

„Пожарот, кој го изгаснаа петмина припадници на ПВБ КС со две возила, е изгаснат. Според информациите од терен, нема повредени лица“, соопшти ПВБ на Сараевскиот кантон.

Исто така, на терен беа припадници на МУП на Сараевскиот кантон и експерт за противпожарна заштита.

„Пожарот во викендичката во селото Врутци е пријавен во 03:40 часот наутро, а е изгаснат во 06:30 часот наутро. Истрагата е завршена во 10:30 часот наутро со присуство на дежурен експерт за противпожарна заштита, при што е утврдено дека причина за пожарот се неисправни електрични инсталации“, потврди портпаролката на МУП на Сараевскиот кантон, Мерсиха Новалиќ.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....