6.8 C
Скопје
08:21 - 1 април, 2026

Иранската Анџелина Џоли повторно ја заинтригира јавноста: Осудена на 10 години затвор!

Иранката која се прослави со неуспешни пластични операции кои драстично го сменија нејзиниот изглед во желбата да изгледа како холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, повторно ја заинтригира јавноста. Нејзиниот адвокат побара да биде ослободена во април, бидејќи добила коронавирус.

Фатемех Кишванд (19), попозната како Сахар Табар на Инстаграм, но и како „Иранската Анџелина Џоли“, е во затвор од октомври минатата година по повеќе обвиненија, вклучително и богохулие и поттикнување на насилство.

Инстаграм

Таа беше уапсена за своите активности на социјалните мрежи, а сега е осудена на десет години затвор, пишува Дејли меил. Таа е обвинета за „морална корупција на младите“ и непочитување на Исламската Република, сето тоа затоа што на Инстаграм објавила монтирани фотографии од своето лице.

Заради фотографиите, странските медиуми ја нарекоа „зомби Анџелина Џоли“ и „Иранската Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеа скоро половина милион луѓе.

Инстаграм

„Сметаме дека е неприфатливо една млада жена со коронавирус да се наоѓа во такви околности, а нејзиниот притвор да биде продолжен“, рече адвокатот за човекови права Пајам Дерафшан.

Фатемех наводно направила 50 козметички операции, а признала и дека гладувала со години, па затоа имала само четириесет килограми.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....