9.8 C
Скопје
21:47 - 19 февруари, 2026

Инфлуенсерка критикувана поради фотографија во мокра маица, додека во Австралија демнее огнената стихија! (ФОТО)

Интернет ѕвездата се соочила со многу сурови коментари на социјалните мрежи.

Инстаграм моделот Таму Хембров, која има 10,5 милиони следбеници, решила да го промовира својот моден бренд на Инстаграм, а во исто време и да донира пари за жртвите од пожарите во Австралија.

Меѓутоа, поради критиките кои следеле, таа била принудена да ја деактивира својата сметка.

„100% од заработката ќе ја донирам за катастрофалните пожари во Австралија“, напишала под објавата, а потоа го означила модниот бренд кој го рекламира преку социјалната мрежа.

Очигледно неразмислувајќи за последиците, манекенката се соочила со ужасни критики од луѓето кои ја осудиле поради оваа постапка.

„Се рекламираш на Инстаграм додека твојата земја гори. Наместо да промовираш еколошка свест, ти се промовираш себе“, гласи еден од коментарите.

„Ти си од Австралија? Зарем не би требало да мислиш на нешто друго освен само на твојот изглед?“, ја запрашал еден корисник на Инстаграм.

Иако Тами брзо реагирала и ја деактивирала својата сметка, во обид да спречи и понатака огорчени коментари, копија од фотографијата на која позира во долен дел од бикини и бела маица, била објавена на нејзината фан страна.

Манекенката подоцна повторно ја активирала сметката, а потоа објавила тажно видео од коали позади кои се наоѓа огнената стихија.

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....