18.8 C
Скопје
15:15 - 16 март, 2026

Им оддаваат почит на легендарната група „Queen“: На едната страна е кралицата, на другата сме ние! (ВИДЕО)

Британската кралска ковачница издаде комеморативна монета со рок групата „Queen“, во чест на легендарниот пејач Фреди Меркјури и останатите членови на бендот.

– Ова е еден од тие посебни моменти во животот. Имаме кованица од нашето кралство вредна пет фунти, која ја изработи кралската ковачница – рекол гитаристот на групата Брајан Меј.

На едната страна е The Queen (кралицата Елизабета), а на другата е групата „Queen“. Тоа никогаш порано се нема случено – додал Меј, не криејќи ја својата возбуда и радост поради оваа несекојдневна монета.

Сите британски монети и банкноти содржат ликови на монарси. 

Фото: Принтскрин

На монетата е логото на групата и инструментите кои ги свиреле членовите на бендот: Клавирот на Фреди Меркјури, „Red Special“ гитарата на Меј, Лудвиговиот тапан на Роџер Тејлор, како и Фендеровата бас гитара на Џон Дикон.

Монетата е издадена во златна и сребрена варијанта, а цената варира од 13 фунти за сребрената до 2.100 за златната верзија.

Ова е прва монета во планираната серија на „музички легенди“, објави кралската ковачница.

Слични објави

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо
Се вчитува....