13:48 - 1 април, 2026

ИЛОН МАСК доставил понуда да ги купи сите акции на „ТВИТЕР“

Instagram

Илон Маск достави понуда за купување на сите акции на Твитер. Милијардерот и сопственик на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“, нуди 41,39 милијарди долари за 100 проценти акции на социјалната мрежа.

„Твитер треба да се трансформира во приватна компанија. Како резултат на тоа, сакам да купам сто проценти од акциите на Твитер за 54,20 долари по акција во готовина. Мојата понуда е најдобра и тоа е последна понуда, а доколку не биде прифатена, ќе треба да ја преиспитам мојата позиција како акционер“, изјави Маск.

Како финансиски советник Маск ја ангажирал банката „Морган Стенли“.

„Инвестирав во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот. Верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија, напиша Маск во писмото до претседателот на Твитер, Брет Тејлор, откако на 1 април стана сопственик на околу девет отсто од акциите на Твитер.

 

Одборот на Твитер стави до знаење дека понудата е „необврзувачки предлог“ дека „не може да има гаранција дека ќе се постигне дефинитивен договор или дали операцијата ќе се изврши“. Доколку трансакцијата, која ја гледа Морган Стенли како финансиски советник, биде успешна, Твитер ќе биде отстранет од листата и ќе се збогува со Њујоршката берза.

Твитер вели дека ќе ја разгледа понудата на Маск и ќе одговори во „најдобар интерес на сите акционери“.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....