3.8 C
Скопје
22:54 - 11 март, 2026

ХИТ ВИДЕО! Една од Србинките на Евровизија е ќерка на популарниот пејач Кнез – погледнете како реагираше гордиот татко!

Претставничките на Србија на 65-тото издание на избор на песна за Евровизија се пласираа во големото финале, а тоа го прославија со ладен шампањ кој го добија на подарок директно од Белград, од таткото на една од девојките, пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез.

Ксенија Кнежевиќ е ќерка на познатиот пејач Кнез / Фото: EPA-EFE/SANDER KONING / POOL

Членките на групата „Hurricane“ се пласираа директно во евровизиското финалето, кое ќе се одржи во сабота во Ротердам.

По прогласувањето и нивниот пласман во финалната натпреварувачка вечер, девојките од групата Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ цело време вееја српски знамиња, скокајќи и извикувајќи „Ајде напред, Србија“.

ВИДЕО+ФОТО | Србинките „згазија“ на Евросонг: Најпопуларни на социјалните мрежи

На социјалните мрежи од партнерката на пејачот се појави видео од Кнез на кое се гледа како со многу емоции го следи настапот на „Hurricane“, а неговата ќерка Ксенија татковата радост ја сподели и со фановите на нејзиниот инстаграм-профил.


„Ураганките“ со својот настап го воодушевија Кнез, кој како што може да се види на видеото е многу среќен и горд на нив.

Штом ситуацијата и впечатоците малку се смирија, српските претставници го отворија омилениот шампањ на Ксенија, кој нејзиниот татко и пејач Ненад Кнежевиќ Кнез го испратил вчеравечер од Белград до Ротердам преку пријател.

Да потсетиме, Ненад Кнежевиќ Кнез изјавил за Нова.рс дека не успеал да замине во Ротердам, но со целото срце бил со својата ќерка и нејзините колеги.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....