6.8 C
Скопје
04:47 - 31 март, 2026

Хелен Мирен: Јас не знам што е тоа грациозно стареење, но никогаш не би заминала „под нож“

За мене стареењето е прифаќање на тоа кој сте вие, што сте и едноставно продолжување понатаму, изјави легендарната актерка…

Британската актерка и оскаровска Хелен Мирен (73) со години зборува за тоа како убавината не и е важна и дека поради изгледот таа никогаш не би заминала „под нож“.

„Стара сум и така изгледам. И тоа е сосема во ред. Љуѓето зборуваат за грациозно стареење, а јас всушност не знам што воопшто значи тоа. За мене тоа е прифаќање на тоа кој сте вие, што сте и едноставно продолжување понатаму“, изјави легендарната актерка.

Фото: Профимедиа

Таа вели дека „феноменот Кардашијан“ не е импресивен, но мисли дека „тоа донело нешто добро“ – на жените им е дозволено да имаат задници и бутови.

Во интервјуто таа откри и како многу и е важна независноста, а родителите уште од мали нозе ја научиле дека никогаш не треба да зависи од мажот. Ниту емотивно, ниту финансиски.

Фото: Профимедиа

„Една од работите на која ме научија родителите, а тоа за мене како жена е многу важно, е дека морам да бидам финансиски независна. Отсекогаш работев, буквално секоја година од својата кариера работев најмалку две или три работи. Сега сум финансиски независна и сигурна, а го направив тоа сама, никој не ми помогна“, откри Хелен.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....