11:57 - 13 ноември, 2026

Харис Џиновиќ за трагичните љубови во неговиот живот: „Возам 300 километри и плачам…“

Харис Џиновиќ пред два дена и официјално се разведе од Мелина Џиновиќ, а пејачот во една прилика за српски Блиц проговори за љубовта и неговите избори.

Пејачот истакна дека музиката му е лек за секој тежок период во животот, а поради неа, често пушти по некоја солза.

– Некогаш ме фаќа тага, некогаш слушам некоја песна – или случајно ќе ја слушнам или намерно ја вртам и тогаш знам, возам 300 километри и плачам – рекол Харис Џиновиќ, па додал дека „тоа е она што ме одржува во живот и што ме прави толку среќен и што ми дава мотив и што ми дава енергија, што ми дава сила, тоа е тоа концерт, се чувствувам како риба во вода“.

Во тој разговор за српски Блиц, Харис откри една од анегдотите со сега веќе поранешната сопруга Мелина.

– Мелина не пегла ни за себе, се пеглам сам, од мала нозе дури и шијам. Кога дојде Мелина во Париз, кога го отвори плакарот, кога виде како се е средено, рече: „Со кого живееш овде?“, јас реков: „Живеам сам“, ми рече: „Лажеш“ , реков: „Не, лажам“, „Ова е невозможно“, рече таа, „Можно е“. Кај нашиот народ има израз што морам да го употребам, пицајзла сум, т.е. перфекционист, а имам и многу слободно време, не се занимавам со ништо друго освен со музика, која, да речеме, зафаќа 2. -3 часа и тоа навечер, а остатокот од времето ми е слободно. Кога готвам, во мијалникот нема чинии или тенџериња што не се измиени. Додека нешто се крчка или нешто се пржи, јас садовите ги мијам и се е измиено.

Пејачот тогаш истакна дека поради љубов пател како коњ.

– Имаше љубов. Сите тие љубови беа трагични. Секоја љубов беше трагична, секоја. Што знам, но тие што ги сакав не ме сакаа. Што да се прави, а јас трзав за нив. Патев како коњ, ма немаш поим какви беа моите страдања, маките на Исус… Покрај мене поминуваат девојки кои би сакале да бидат со мене, но јас ништо не гледам, како коњ на кои ќе му ставите пречници околу очите за да оди само право, да не гледа лево-десно. А, кој ме сака, не ме сака, не знам, но никогаш таа љубов не беше доречена – заклучил Харис во емисијата „Балканском улицом“.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....