10:31 - 21 јануари, 2026

Ѓоле Ѓогани ја откри вистинската причина за разводот од Слаѓа Делибашиќ: „Ми рече дека јас треба да одам на психијатар“

Танчарот Ѓоле Ѓогани, пред бракот со Весна Ѓогани, беше оженет со пејачката Слаѓа Делибашиќ, со која има две ќерки. Иако одамна не се заедно, нивниот развод и денес е тема на јавни коментари.

Во една прилика, Ѓоле отворено проговори за деталите од бракот со Слаѓа и откри што, според него, било пресудно за крајот на нивната заедница.

„Кога ја градевме куќата во која денес живее Слаѓа, правев два ката и голем двор. Си го замислував животот со неа, како еден ден ќе печам скара со внуците. Сè ми беше јасно и испланирано. А потоа, одеднаш, крај. Бев изгубен и не знаев како понатаму“, раскажа Ѓоле во документарен филм.

Тој објасни дека сакал заедно да побараат стручна помош, најмногу поради децата и новата ситуација во која се нашле.

„Ја повикав да одиме на разговор, да видиме како ќе функционираме понатаму и како ќе се однесуваме кон децата, бидејќи јас не знаев како. Ме погледна самоуверено и ми рече: ‘Ти треба да одиш на психијатар’. Еднаш успеав да ја однесам, но не ѝ се допадна“, вели Ѓогани, кој тврди дека вината за разводот не била негова.

Според него, во тој период околу Слаѓа се појавиле луѓе и влијанија кои ја оддалечиле од семејниот живот.

„Не бев јас причината за разводот, туку таа. Немавме многу, но околу неа се појавија луѓе со поинаков стил на живот и мажи кои ѝ ветуваа сè и сешто. Таа се изгуби и почна да бара од мене поголема слобода отколку што, според мене, треба да има една сопруга и мајка на две деца. Сакаше да излегува со другарки до два по полноќ, а јас да седам дома и да ја чекам. Тоа беше еден од нејзините услови. Јас не можев да го прифатам тоа и реков дека е подобро сè да заврши“, искрено призна Ѓоле.

Подоцна, и Весна Ѓогани изнесе тврдења дека Слаѓа наводно го изневерувала Ѓолета, повикувајќи се на сведоштва од блиски луѓе од нивното опкружување. Таа додаде дека и самата Слаѓа, во неколку телевизиски гостувања, изјавила дека сакала да биде самостојна и дека веќе не чувствувала љубов кон поранешниот сопруг.

Слични објави

(Фото) Семејна идила: Наташа Беквалац ја напушти Србија и покажа во каков рај ужива со семејството

Еспресо

Хороскоп за 21 јануари: Биковите ги очекува нервоза на работа, Вагите ќе имаат среќа во љубовта

Еспресо

(Фото) Испотена маица, мускулите во преден план: Вељко Ражнатовиќ објави фотографија по тренингот во Русија

Еспресо

(Фото) Раста ослабе 12 килограми: Раперот отпатува во Тајланд, па се посвети на својот изглед

Еспресо

(Видео) Малиот Марио свири на тапани: Марија Шерифовиќ се пофали со талентот на својот син, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

(Фото) Цеца влетала во кафуле во тренирки и без грам шминка! Гостите шокирани!

Еспресо
Се вчитува....