13:04 - 2 април, 2026

(ФОТО)СЕ ОГЛАСИ ЌЕРКАТА НА МЕРИМА СКРШЕНА ОД БОЛКА: Не верувавме дека крајот ќе дојде толку брзо

мерима

По тешко боледување вчера почина пејачката Мерима Његомир. Имено, неодамна беше откриено дека пејачката боледува од рак и дека е во тешка состојба, а децата до самиот крај беа со неа. Ќерката на Мерима, Љубица Његомир со „Republika“ зборуваше за последните денови на нејзината мајка.

– Последните два месеци бевме со мајка ни, ние четирите деца. Тоа ѝ значеше многу, а и нам. Беше голема чест и привилегија да ја имаме Мерима за мајка, таа беше наш столб и потпора цел живот. Таа отсекогаш била центарот на нашето семејство. Немаше последна желба бидејќи никогаш не зборувавме за крајот… Не верувавме дека крајот ќе дојде толку брзо. Се бореше и никогаш не сакаше да зборува за крајот – рече ќерката на Мерима Његомир и додаде:

-Толку луѓе ни се јавија и ни дадоа поддршка, луѓе што ги знаеме и луѓе што не ги знаеме. Дури сега некако сфативме колку нашата мајка беше сакана, пожртвувана и ценета, колку им беше драга на луѓето. Морам да кажам дека не сме свесни дека веќе ја нема, не можеме да прифатиме… Сите сме уште во шок, сѐ се случи одеднаш – изјави Љубица Његомир.

ПРЕД СМРТТА НА МЕРИМА ЊЕГОМИР, НОВАК БАРАЛ ЛЕК ЗА ПЕЈАЧКАТА: Новак и неговите родители побарале помош од експерти ширум светот

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....