13.8 C
Скопје
15:49 - 18 декември, 2024

ФОТОГРАФОТ ПАОЛО РОВЕРСИ ОТВОРЕНО ЗА СОРАБОТКАТА СО КЕЈТ МИДЛТОН: Фотосесијата траела 4 часа, Кејт била малку исплашена, а потоа – станала излив на животна радост

Италијанско-францускиот моден фотограф Паоло Роверси беше ангажиран по желба на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, да направи три фотографии за нејзиниот 40.ти роденден. Фотосесијата се случила во Кју Гарденс, а во оваа кралска ботаничка градина е исто така една од најважните збирки на семиња, вклучувајќи ги и оние во изумирање, спасени во 1985 година од Сер Дејвид Атенборо, сместени во стаклена капсула што ќе биде отворена во 2085 година.

Роверси ја претстави Кејт како модел што претставува класика на одредени ренесансни слики.

Паоло Роверси е роден во Равена во 1947 година (каде што го отвори своето прво студио за портрети во своите дваесетти години и беше меѓу првите кои користеа полароиди 20×25). Инаку, Роверси е Парижанец од 1973 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paolo Roversi (@roversi)

Неговата уметничка практика се храни со литература, филозофија, театар, музика, но и од работата на други големи колеги. Фотографирал безброј познати личности: Наоми Кембел, Кејт Мос, Наталија Водијанова, Стинг, Ријана, Мадона, Белмондо, Езра Паунд…

Фотографот вака ја опишува средбата и соработката со Кејт Мидлтон. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paolo Roversi (@roversi)

– Убава средба, а потоа убави фотографии. Но, на почетокот војвотката беше исплашена. Секој ден таа е „митралезирана“ од фотографи, но не е навикната да позира; знаејќи ги моите фотографии со моделите, таа беше малку исплашена да се соочи со вистинска сесија, која бараше околу четири часа работа. Ја уверив дека штом почне да позира, потоа ќе биде лесно. И така беше. Кејт, која студирала историја на уметност во Фиренца, многу ја сака фотографијата, особено фотографите како Џулија Маргарет Камерон и писателот и фотограф Луис Керол – објаснува Паоло Роверси.

Од 2019 година Кејт Мидлтон е покровител на Кралското фотографско друштво, откако кралицата Елизабета Втора ја напуштила оваа улога по 67 години.

За фотографирање на Мидлтон, Роверси користел природна светлина. Таа пак, имала само малку шминка, едноставни бисерни обетки, прстен. Роверси објаснува дека не сакал да постигне ефект на војвотка – дама, премногу официјални фотографии, туку што е можно почиста и посовремена фотографија која е всушност, безвременска.

Кејт му покажала неколку репродукции од делата на англискиот сликар и поет Данте Габриел Росети, како и од Сер Дејвид Којл Бурн-Џонс, особено неговиот цртеж „Десидериум“ од 1873 година, кој претставува жена во профил. Посакала сличен стил.

– Кејт ми покажа неколку репродукции на делата од тие автори за да ме инспирира. Направив три фотографии, три различни Кејт. Првата, профил, кралски и со зрелост што ја надминува нејзината возраст и со бел фустан што ја намалува сериозноста на ликот. Втората фотографија беше по избор на Вилијам и неговите деца, каде таа е преставена како безгрижно девојче. Третата фотографија е  малку погламурозна – објаснува фотографот.

Потоа вели дека низ леќите на неговиот објектив гледа многу работи, во длабочина. А, што му открила личноста на Кејт?

– Таа е симпатична жена, која ве ослободува, која има почит кон сечија работа. Излив на животна радост. Отворена, дарежлива, прозрачна, мислам дека може да донесе толку многу надеж за Англија и за целиот свет – искрен е Роверси.

Во декември од 250 снимени фотографии, сите речиси црно-бели, се избирале најдобрите.

– На крајот станаа околу седумдесет. Јас го направив првиот избор, потоа десетина нејзини омилени, потоа стигнавме до 3 од моите омилени и една од нејзините, официјалната фотографија е онаа што ја префериравме и двајцата. Но, Кејт беше помалку одлучна од мене во последниот избор. Дизајнерката Сара Бартон ги избра фустаните: само еден беше црвен, другите неутрални. За официјалниот портрет таа носеше органза, речиси како класична балерина. На крајот сакав да направам неколку слики во движење, па со тоа прекрасно широко здолниште ја натерав да танцува пред мојот објектив, еден вид забрзан валцер измешан со нота на рокенрол – завршува Роверси во разговорот за италијанскиот дневен весник кориере дела сера.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....