07:04 - 6 април, 2026

ФОТО: Ѕвездата на „Game of Thrones“ од 15 години боледува од клиничка депресија – Папараците ја фотографирале на улица, но само малкумина ја препознале!

Ѕвездата од „Game of Thrones“ била уловена од папараците додека се шетала во лежерно издание, во кое многумина не ја препознале.

Британската актерка Лена Хиди (47) која што се прослави со улогата на Серсеј Ленистер во серијата „Game of Thrones“ била фотографирана во Лос Анџелес, но многумина не ја препознале.

Лена папарацо фотографите ја уловиле додека го шетала своето куче со актерот Марк Менчак.

Таа била облечена во лежерен стајлинг, спротивен од аутфитот на кој сме навикнати да ја гледаме на црвените теписи.

Фото: Профимедиа

Носела лежерни панталони кои што потсетуваат на пижами, широка спортска маица и патики, а на лицето немала ниту грам шминка. Аутфитот го заокружила со светло-кафеава капа.

Многумина не ја препознале, но нејзината насмевка на лицето била забележлива.

Животот на Лина сепак не бил воопшто лесен. Таа се венчала за музичарот Питер Лоугран во мај 2007 година, со кој што има син Вили. Набрзо по породувањето изјавила дека тоа бил најтешкиот момент од нејзиниот живот затоа што сфатила дека пати од постпородилна депресија.

Фото: Профимедиа

„Уште на 15 години страдам од клиничка депресија, и никако не успеав да избалансирам без лековите додека не го добив мојот син. Целосно би ја изгубила контролата над својот живот и на крајот го пронајдов човекот кој што е микс на источна и западна филозофија на полето на современата медицина. Го поминав патот кој што промени многу работи кај мене. Не сакав да бидам зависник и да не можам да живеам без лекови и таблети“, изјавила Лена за британски „Телеграф“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....