6.8 C
Скопје
02:29 - 31 март, 2026

ФОТО: Жените лудуваа по него кога беше тинејџер, а лудуваат и денес – Џош Бролин се сликаше гол и ја оправда титулата „најсекси маж во светот“.

Американскиот актер Џош Бролин (52) се прослави на само 17 години во детскиот филм „The Goonies“ од 1985 година, а сега се соблече гол и докажа поради што во последните години важи за еден од најсексипилните мажи во Холивуд.

Имено, Џош неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која позира целосно гол во дворот на куќата, а обожавателките го зумираа неговото тело.

Познатиот актер на 53 години има мускулесто и убаво обликувано тело, а гениталиите ги сокри со својата нога која ја подигна. Тој на фотографијата пие кафе за време на заоѓањето на сонцето, а нагласи и дека го сликала сопругата Кетрин Бролин (33).

„На крајот од денот животот се оценува според тоа колку често сте биле голи. Никој не кажа дека ова е метафора“, нагласи актерот во описот на објавата на која собра илјадници лајкови.

Џош и Кетрин се во брак веќе четири години, а оваа убавица го очекува нивното второ заедничко дете, додека славниот актер од претходните два брака има уште две деца.

Неговата мајка Џејн почина во сообраќајна несреќа кога актерот имаше 27 години, додека неговиот татко Џејмс Бролин сега е во брак со познатата Барбара Стејсенд.

Џош глумеше во повеќе од 50 улоги, а се уште нема добиено Оскар. Меѓутоа, веќе втора година по ред ја добива титулата најсекси маж во светот.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....