15:38 - 8 ноември, 2026

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

На денот кога Владимир Блажев – Панчо ќе го прославеше својот 47. роденден, неговите најблиски, соседи, пријатели и бројни почитувачи вчера му оддадоа почит со откривање мурал со неговиот лик пред зградата во која живееше во скопската населба Аеродром.

Емотивниот собир помина во духот на маалската дружба, музиката и спомените за еден од најомилените македонски музичари. Голем број граѓани се собраа за да се потсетат на заедничките моменти со Панчо, а откривањето на муралот беше проследено со неговите песни.

Издавачката куќа „Шур шотц“, чиј соосновач беше Панчо, сподели фотографии од настанот и порача дека се надева ова собирање да прерасне во традиција.

„Денес, на денот на роденденот на Панчо, за првпат се прикажа мурал со неговиот лик пред зградата во која живееше. Преку маалска дружба и музика, се потсетивме на него и убавите заеднички моменти. Фала им на дечките од Аеродром за иницијативата и изработката на муралот и се надеваме дека оваа собиранка ќе ни прерасне во традиција“, напишаа тие, завршувајќи ја објавата со пораката: „Засекогаш П“.

Муралот за Панчо / Фото: Инстаграм

По повод неговиот роденден, од „Шур шотц“ вчера објавија и фотографија од Панчо на Инстаграм со кратка, но емотивна порака.

„Среќен роденден, стари. Фалиш…“, напишаа неговите соработници.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....