12.8 C
Скопје
13:44 - 24 март, 2026

(ФОТО) ВО ФАМИЛИЈА СКЕНДЕРОВСКИ ПАРИЧКАТА СЕ ПАДНА КАЈ БОЈАНА: Оваа година ќе ми треба среќа…

Нашата позната пејачка Бојана Скендеровски на својот фејсбук – профил објави прекрасни семејни фотографии по повод денешниот празник.

Бадник е денот пред Божиќ или денот пред раѓањето на Исус Христос. Како што налага традицијата, вечерта пред Бадник се пали бадников оган и по неговото згаснување, коледарите одат од врата на врата и пејат коледарски песни, а домаќините ги даруваат. Вечерта се подготвува посна трпеза и целото семејство се собира на трпезата.

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Бојана по повод бадниковата вечер за своето семејство подготвила богата посна трпеза. Риба, гравче, пита и секако лепче со паричка. Пејачката се пофали на социјалните мрежи дека оваа година ќе биде посебно среќна за неа, бидејќи паричката се паднала во нејзиното парче лепче.

Фото: Принтскрин / Фејсбук

„Оваа година ќе ми треба среќа…“ – напиша пејачката во описот на фотографиите.

За што ќе ѝ треба среќа останува да видиме!

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....