15:25 - 5 декември, 2025

(Фото) Во Белград вила од 500.000 евра, во Доминикана стан од 300.000: Српскиот пар „плива“ во пари!

Српскиот фолк пејач Миле Китиќ, заедно со сопругата Марта Савиќ и ќерката Елена, ужива во луксузниот живот во својата белградска вила вредна 500.000 евра.

Домот го опремиле со скап мебел, а надворешноста на куќата е бела, вилата е опкружена со високи ѕидови со огромна црна капија, а ролетните на прозорците се спуштени, така што внатрешноста на имотот не може да се види од улицата.

Вилата има и базен кој се наоѓа во центарот, соба за билијард, огромен гардеробер, а се шпекулира и дека парот потрошил над половина милион евра, односно повеќе од 500.000 евра за опремување на ова здание. Исто така, тука е и пространата бела кујна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Savic (@marta_savic_official)


Парот, исто так, често престојува и во Доминиканската Република каде поседува недвижност од дури 200 метри квадратни. Според неофицијални информации, за оваа вила своевремено издвоиле 300.000 евра.

Марта на својот инстаграм-профил редовно споделува фотографии од оваа луксузна вила, откривајќи во јавноста дел од своето рајско катче, бидејќи на таа дестинација поминува многу повеќе време од својот сопруг.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Savic (@marta_savic_official)


Таа истакнува дека на пејачот не му се допаѓа тоа што мора толку многу да патува во Доминиканската Република, туку што успеала да го убеди.

„Не му се допадна тоа што мора да патува толку долго, многу патува, но успеав да го убедам и се надевам дека ќе му се допадне исто како мене. Мора малку да одмори, тој сака да работи, но мислам дека сега е време малку да се опушти и малку да ужива“, рекла Марта пред Миле да дојде првпат во Доминиканската Република.

Како што пренесуваат српските медиуми, двојката гради уште едно луксузно здание во близина на Белград. На голема парцела планираат изградба на луксузна куќа со простран двор и базен. Иако вилата сè уште е во изградба, тие веќе имаат ограда од тули околу дворот.

 

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....