21:22 - 6 ноември, 2026

(Фото) Уна Чолиќ во мини и деколте, а дечко ѝ опкружен со трубачи: Вака ја прославија Нова година во Црна Гора

Постарата наследничка на познатиот пејач Здравко Чолиќ, Уна, се наоѓа на црногорскиот брег. Таа покажа како го поминува времето таму, а нејзиниот партнер, кој е 10 години постар од неа, ѝ прави друштво, меѓу другите.

Уна Чолиќ позираше во женско друштво за фотографијата што ја објави на Инстаграм, а на неа ја гледаме во мини здолниште, со чизми со вртоглави високи потпетици.

Мини здолништето и чизмите ги истакнале нејзините нозе, додека таа го покажала и деколтето.

На една од фотографиите го гледаме нејзиното момче опкружено со трубачи, па нема сомнение дека атмосферата била незаборавна.

Уна и нејзиното момче уживале и на концертот на Здравко Чолиќ, кој пеел на плоштадот во Бар за новогодишната реприза. Судејќи според видеата што ги објави, Уна била зад сцената од каде што го следела концертот на својот популарен татко.

– Уна Чолиќ и нејзиното момче уживаат во љубовта неколку години, тие се неразделни и Здравко Чолиќ му даде благослов на својот зет и го прими во семејството со раширени раце – неодамна изјавил извор за „Информер“.

– Тие сериозно размислуваат за следниот чекор, така што свршувачката е поблиску од кога било – додал тогаш соговорникот.

 

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....