9.8 C
Скопје
13:20 - 1 април, 2026

(Фото) Теодора Џехверовиќ со нов стан од 400.000 евра: Го покажа луксузот на 21. кат!

Теодора Џехверовиќ си обезбеди уште една некретнина, и тоа ни помалку ни повеќе туку во луксузниот комплекс „Белград на вода“.

Како што пишуваа медиумите, за овој стан таа платила 400.000 евра во кеш, а откако конечно ги добила клучевите, пејачката снимала и објавила на социјалните мрежи како изгледа нејзиниот нов дом.

Фото: Скриншот

Нејзиниот нов стан се наоѓа на 21. кат, раскошен е и полн со светлина, а нема сомнеж дека Теодора ќе го среди по последна мода. Таа не ги криела солзите и гордоста поради сè што успеала да обезбеди за себе.

Фото: Скриншот

Покрај ова, Теодора купила и две паркинг-места во гаражата на зградата, со што уште повеќе ја зголемила вредноста на новата некретнина, пренесоа неодамна домашните медиуми.

Теодора го купи својот прв стан пред три години, во Вишничка бања, а според соговорникот, тој ќе се издава откако пејачката ќе се пресели во новиот дом.

„Теодора смета дека најпаметно е да се инвестира во недвижности, бидејќи нивната цена со текот на времето расте. Стариот стан ќе го издава и од него ќе може да зема убава сума, затоа што е модерно уреден и одлично сочуван, но тоа ќе се случи дури кога ќе се пресели. Нејзиното семејство е неизмерно гордо, а таа верува дека допрва доаѓа нејзиното време“, вели изворот.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....