02:56 - 15 ноември, 2026

Заработува 50.000 евра годишно: Ален Исламовиќ ги продава своите лешници на „Фереро роше“

Пејачот Ален Исламовиќ има своја плантажа со лешници, а познатата италијанска компанија за бомбони, која сите во Македонија и пошироко ја обожаваат, одлучила токму од него да го купува овој јаткаст плод.

Ален Исламовиќ има вкупно 1.500 садници, а бидејќи станува збор за лешник со врвен квалитет, познатата италијанска компанија „Фереро Роше“ одлучила да го купуваат од него, пишува српски „Курир“.

– Сумата се движи во зависност од временските услови во текот на годината. Понекогаш приносите се поголеми, а понекогаш помали. Генерално, Ален заработува околу 50.000 евра годишно. Тој е многу задоволен од бизнисот, особено од тоа што стана соработник со толку престижна и значајна глобална компанија како „Фереро“. Тие се деловни гиганти кога станува збор за купување и преработка на лешници, а неговиот лешник е со врвен квалитет и ги исполнува сите стандарди на европски квалитет за извоз. Ова значи дека неговата плантажа е сертифицирана и контролирана од Европската Унија – рекол соговорникот.

Пејачот често зборуваше за својот приватен бизнис, на кој е многу посветен. Целото семејство му помага на фармата.

– Тоа е моето слободно време помеѓу викендите. Мојата фарма, која ја средуваме и управуваме јас и братот на мојата сопруга, има површина од 25.000 квадратни метри. Работата на плантажата започнува од март, април и трае до септември или октомври. За седум дена, доволни се два за одржување на плантажата, наводнување, заштита од паразити, прскање, хранење преку корења, лисја и така натаму. Оваа љубов кон земјата и земјоделството ми ја всади мојот татко, кој ја сакаше. Моите сорти се најбарани на светскиот пазар за фабрики за чоколади, за преработка на ликери и производство на масло. Ќе работам на брендирање на моите плодови под името „Лешник од Уна“, а тоа ќе започне за неколку години. Кога ќе се пензионирам, мојата фарма ќе има капацитет помеѓу 10 и 15 тони лешници – изјавил Ален за порталот ЦДМ, па продолжил:

– Да го пробате мојот лешник, нема да верувате, тоа е како да сте зеле лажичка „Нутела“. Испратив неколку лешници во Швајцарија на анализа и не можеа да поверуваат дека такво нешто постои на Балканот и дека се одгледува. Она што јас го засадив се најдобрите и најслатките сорти во Европа. Ова се многу големи лешници. Тоа е работа на иднината, им советувам на сите да почнат да се занимаваат со тоа – рече тој, па додал:

– Тоа е сорта што ја нарекуваа и Титови лешници, бидејќи Тито им наложил на своите агрономи да му одгледуваат сорта што може да успева во такви подрачја. Тоа е посебен плод. Денес, лешниците се споредуваат со злато. Се користат во фармацијата, и тоа во големи количини. Од лешникот се произведуваат масла за козметички цели. Лушпата од лешникот е најдобрата калорична вредност за производство на пелети за греење, а коренот за одгледување тартуфи, ако некој знае како да ги одгледува. Накратко, тоа е феноменално растение кое раѓа од 80 до 100 години и нуди големо богатство на оние кои се грижат за него – открил Исламовиќ за медиумите.

.

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо

Голема прослава во домот на Дадо Полумента: планира свадба следната година, а сега се огласи за посебен повод

Еспресо

Поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ откри детали од нејзиниот прв брак: „Се зедоа по само петнаесет дена, но несогласувањата брзо излегоа на површина“

Е.А.

Новогодишни хонорари на балканските ѕвезди: Здравко Чолиќ и Цеца на врвот на листата за најлудата ноќ

Е.А.

Бресквица со емотивна објава за новиот партнер: „Ти дадов збор дека ова е засекогаш“

Е.А.
Се вчитува....