22:19 - 11 ноември, 2026

(Фото) Светско, а наше: Горјана Кулишевска ги краси страниците на „Мери Клер“

Македонската манекенка Горјана Кулишевска, која веќе неколку години гради меѓународна кариера, се најде на страниците на српското издание на модното списание „Мери Клер“.

Кулишевска, која странските модни агенции ја нарекуваат Џоја, го сними модниот едиторијал „Топлотен бран“ („Heatwave“) во луксузниот комплекс „Инфинити пул хаус“ во Белград. Фотографиите се дело на фотографката Ана Секулиќ, а според многумина – секоја од фотографиите изгледа светски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gorjana (@g.kulisevska)

Нашата манекенка има потпишано договор со модната агенција „J’s Management“, кои веќе некое време ѝ ја менаџираат кариерата. Таа досега има соработувано со повеќе модни брендови, како што се „Александар Меквин“ и „Москино“.

Инаку, Кулишевска беше откриена од страна на Алек Наумовски, еден од првите луѓе во модната агенција „Моделс ин“.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....