-1.2 C
Скопје
07:00 - 6 март, 2026

(Фото) Сосема се променил: Како изгледало новото момче на Маја Шупут пред да стане „Господин Совршен“

Новото момче на хрватската пејачка Маја Шупут, Шиме Елез, на својот инстаграм-профил сподели постара фотографија од себе на која има многу пократка фризура.

„Господин Совршен пред Господинот Совршен“; пишува на фотографијата на која Шиме позира со своите пријатели, а овој опис сугерира дека фотографијата е направена пред да стане дел од шоуто во кое натпреварувачите се бореа за неговата наклонетост. На фотографијата, тој има мустаќи и брада, додека денес Шиме има сосема поинаков изглед. Сега го негува имиџот со долга коса и без брада и мустаќи кои ги имаше кога учествуваше во хрватското шоу „Господин Совршен“ и токму неговото учество во емисијата му донесе широка медиумска видливост и популарност.

Во текот на шоуто, Елез се истакна по својата пристапност, искреност и смиреност, што брзо го направи еден од омилените кандидати на публиката. Не успеа да ја пронајде својата сродна душа во шоуто, но ја освои наклонетоста на бројни женски обожавателки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


Маја Шупут го ангажираше во музичкото видео за песната „Нисам ја за мале ствари“ и потоа станаа неразделни. Тие се дружеа заедно цело лето, а Шиме редовно ја придружуваше Маја на нејзините настапи, а неодамна беа на одмор во Дубаи.

– Мојот однос со Маја е многу здрав и се сложуваме. Да не се согласувавме, луѓето немаше толку многу да нè поврзуваат и немаше постојано да бидеме тука каде што сме. Ми се допаѓа што е многу опуштена. Професионална е кога требада биде, но е многу опуштена и има навистина одличен карактер. – неодамна рекол за „Нет.хр“ за неговиот однос со Маја.

Цел регион зборува дека тие двајца се во љубовна врска, но ниту Шиме ниту Маја сè уште официјално не потврдиле дека се во врска.

Тој зборувал и за својот тип девојка, нагласувајќи дека карактерот му е најважен.

– Нема шанси да бидам со здодевна девојка. Мој тип е некој што не е заедлив, разгален или злобен. На крајот на краиштата, сите бараме истото, личност со добар карактер – рекол Шиме.

На почетокот на ова лето, Маја ја информираше јавноста дека развела со Ненад Татаринов, со кого го има синот, Блум.

 

Слични објави

Ѕвездите ви шепотат: Вашиот астроводич за совршен викенд

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Виктор Живојиновиќ објави ретка фотографија: Погледнете го природниот изглед на Лепа Брена

E.A.

Животната приказна на Оливера Катарина, југословенската дива пред која клекнал дури и Салвадор Дали

Еспресо

„Во болница одам кога имам црни мисли“: Пејачот откри како заработува иако не настапува повеќе години

E.A.

(Фото) Зорица Брунцлик измамена: Пејачката и покрај операцијата, веднаш се огласи – сè е лага, не верувајте!

Еспресо
Се вчитува....