13:00 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сораја сподели среќни вести и фотографија! Пристигнуваат честитки од сите страни

Српската старлета Сораја Вучелиќ не се одвојува од синот Кан откако стана мајка.

Малиот Кан од самото раѓање носи брендирана облека, а ги има и најсовремените играчки.

Гордата мајка на Инстаграм се пофали дека малиот веќе и проодел.

„Официјално прооде“, напишала Сораја.

Инаку, Сораја Вучелиќ го облекува својот син Кан во најскапата гардероба.

– Оваа година беше една од најубавите за мене, бидејќи добив син кој ми го промени и разубави животот, за мене ова е најубавата година. Искрено, мислам дека сум родена за улогата на мајка, бидејќи без никакви подготовки се снајдов, како цел живот да го правам. Тој мајчински инстинкт дојде до израз, па сега сум стручно подготвена – изјавила Сораја и додала:

– Кој и да го види, сите се одушевени. Ништо не ми е тешко кога е Кан во прашање, дури и кога не спијам. Би сакала сè да наследи од мене најмногу затоа што сум горда на себе и на својот живот и ништо не би менувала. Би сакала да биде на мене, мојот карактер, мое сè… Мислам дека сè си доаѓа во свое време, не размислував во таа смисла дека треба да се случи. Сакам секоја жена да има барем едно бебе покрај себе, сега веќе ми недостасува новороденче, кога ќе видам штотуку родено бебе се топам. Јас сум непредвидлива. Ќе разговараме по Нова година, ќе има убави вести – порачала Вучелиќ во емисијата „Премиера – Викенд специјал“.

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....