17:50 - 1 април, 2026

(Фото) Сингл и секси: Згодната Софија Вергара објави фотографија од када во Париз

Познатата актерка Софија Вергара (51) ги изненади обожавателите со интимна фотографија од нејзиното патување во Париз, Франција.

Имено, како и голем број познати личности, таа присуствуваше на Модната недела во француската престолнина.

Фото: Инстаграм/Софија Вергара

Во една од нејзините последни објави, ѕвездата на ситкомот „Modern Family“ сподели своја фотографија на која нема шминка и лежи во луксузна мермерна када.

„Сега е два часот наутро. Правам план како да ја однесам оваа када во Лос Анџелес“, напиша таа во описот, додавајќи емотикони кои илустираат смеење.

Фото: Инстаграм/Софија Вергара

Но, нејзините следбеници беа пофасцинирани од младоликиот изглед на актерката, отколку од луксузната када.

„Софија, дај ни го рецептот – изгледаш сѐ помладо“, „Ти си толку убава без шминка…“, „Уау, спекакуларна и природна“, ова е само мал дел од коментарите кои ѝ ги напишаа тие.

Денеска Вергара сподели уште уште една фотографија, со која откри дека била на вечера со модната публицистка Валентина Микети и филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки.

Фото: Инстаграм/Софија Вергара

Како потсетување, актерката неодамна се раздели од сопругот Џо Манганиело по седум години брак.

Тие го кажаа судбоносното „да“ кон крајот на 2015 година, на голема свадбена прослава во Флорида.

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две лица кои се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно замолуваме за почитување на нашата приватност во овој период, додека се движиме низ оваа нова фаза во нашите животи“, стоеше во нивното соопштение до јавноста.

(Фото) Внуката на Софија Вергара може да ѝ ја одземе „круната“ за најсекси убавица: Неверојатно си личат!

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....