29.8 C
Скопје
13:19 - 1 јуни, 2026

(Фото) Саша Ковачевиќ има секси извајано тело: Не е само од вежбање, ова е неговото мени

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ (38) важи за еден од најзгодните мажи на регионалната музичка сцена.

Уште од првиот момент кога се појави на естрадата, пред речиси две децении, сите жени се „луди“ по него. Прекрасен глас, извајано тело и широка насмевка – ова се епитетите што го красат.

Саша Ковачевиќ / Фото: Инстаграм/Саша Ковачевиќ

Тој отсекогаш се грижел за својот физички изглед – редовно тренира, но се грижи и за исхраната.

Риба, пилешко и говедско месо се нештата кои најчесто се наоѓаат на неговото дневно мени. Претежно пие вода и лимонада, а од алкохол – најчесто бело вино. Потребата за јаглехидрати за исполнува со ориз и компири, а многу често консумира разновиден зеленчук и избрано овошје.

Ковачевиќ тренира пет до шест пати неделно, во зависност од деловните обврски и патувањата.

Саша Ковачевиќ / Фото: Инстаграм/Саша Ковачевиќ

„Најважна е дисциплината. Некои луѓе немаат силен карактер, па по еден месец здрава исхрана се враќаат на старите навики, бидејќи не можат да издржат. Но, не смеат да се откажат од здравиот начин на живот. И мене не ми е лесно, но кога ќе влезеш во штос, резултатите се видливи многу брзо. Сега ги советувам сите околу мене, дури и мојата девојка сега редовно тренира со мене“.

Ова е дневното мени на Саша Ковачевиќ:

  • Појадок: 8 до 10 јајца (1 до 2 жолчки, остатокот само белки) или туна, 2 до 3 парчиња тост леб од туна и салата
  • Ручек: пилешко, мисирка или стек, варен ориз и салата
  • Вечера: Риба

Слични објави

(Фото) Три детски срца: Пејачот Чуле од „Дрим тим“ доби уште една ќерка

Еспресо

Гардероберот на Александра Пријовиќ вреди богатство, само еден фустан чини повеќе од половина милион денари

Еспресо

Семеен одмор во убав град — Водителката Цеце Тодосовска ужива со најмилите

apostolova

Се огласи сестрата на Мина Костиќ по информациите за хоспитализацијата на пејачката

Еспресо

(Видео) „Имав 11 скршени ребра“: Камионџијата Андруш си ја отвори душата

Еспресо

„Немавме бања, греевме вода за да се избањаме“ – Рада Манојловиќ проговори за детството

Е.А.
Се вчитува....